Шеќеринска: За власт, Груевски и Ахмети ќе се пазарат за се!

Од:

„Груевски и Ахмети глумат те кавга, те смирување, и со тоа намерно ја буткаат државата во политичка криза со цел да побегнат од одговорноста за вистинските проблеми на граѓаните, изјави денеска потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска.

Спасот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од новиот бран поскапувања, е заканата со избори, вели Шеќеринска , а владеачката коалиција е подготвена да се пазари за се само да ја зачува власта.

Законот за бранители кој вчера влезе во собраникса процедура по предлог на ВМРО ДОПМНЕ, според Шеќеринска е обид на Груевски и Ахмети да избегаат од одговорност и да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми со кои се соочува Македонија-сиромаштија, невработенсот, поскапувања.

„Кога во 2008 година „Достоинство” предложи ист ваков закон за бранители, Груевски и Ахмети се договорија дека фотељите им се поважни и гласаа против. Сега во 2012 година, ВМРО-ДПМНЕ сами предлагаат закон за бранители за кој глумат те кавга, те договор, повтроно само за да си ги зачуваат фотељите. Тое е неодгворно и тоа ја турка Македонија во нови политичкли кризи. Стана јасно дека Груевски и Ахмети се спремни да се пазарат со се, ама да ја зачуваат својата власт.

– Денес граѓаните на Македонија бараат леб, бараат работа и спас од сиромаштијата. Во овој бран на поскапување, спасот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е да глумат кавги и помирување, да најавуваат, да се закануваат или охрабруваат со избори, ама не да ги решаваат вистинските проблеми. Тоа не е однесување на одгворни политичари“ , вели Шеќеринска

Таа им порача на Груевски и Ахмети да си ги реашат меѓусебните проблеми и јавно да излезат да кажат дали имаат нешто да им понудат на граѓните.

Би можело да ве интересира

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

СДСМ: По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника

Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга