Шеќеринска: На Вељаноски ни ноктето не му беше повредено

Од:

Македонија рече Радмила Шеќеринска, во емисијата „Стадион“ на радиото Канал 77 , има буџет кој што е неуставен, и нелегален.

„ Пет члена на Уставот директно беа изгазени на 24 декември, и мислам дека тоа е поголем проблем од тоа што јас бев изгазена. Четири-пет члена од Уставот, и не знам колку од Деловникот беа фрлени во канта за ѓубре, и практично власта покажа дека силата е аргумент, и дека тоа е единствениот аргумент кој го имаат во раце. Апсолутно е неточно дека морале тоа да го направат. Македонија досега во нејзината историја имала неколку ситуации кога буџетот се носел и после 31 декември. Во 2003 година тоа се случи. Во 2004 година, истиов овој ВМРО-ДПМНЕ што ронеше крокодилски солзи дека немаме Устав, го спречуваше донесувањето на буџетот, исто пред крајот на годината и никој не помисли тогаш да го прави ова, вели Шеќеринска, која беше влечена и брутално исфрлена од собраниската сала“, рече Шеќеринска.

Шеќеринска потсети дека пред почетокот на седницата не им биле дадени картичките, со што всушност уште претходно Трајко Вељаноски им го одзел мандатот.

„На Трајко Вељаноски ни ноктето не му беше повредено, не беше нападнат, на сите камери тоа се виде. Тоа е лага. Никој од нас не тргна кон претседателот“, објасни Шеќеринска.

Сакваме вели, да спречиме да не се крши Уставот и законите. Пратениците гласаа за буџет кој не го виделе.
„Го гласаа на жими мајка буџетот. Јас не се чувствував понижена, но некој сакаше да ја понижи мојата земја, вели Шеќеринска.

Целата емисија од аудио записот.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје