Шеќеринска: Луѓето кои влегоа во Собранието беа платени и пратени да не убијат

Од:

Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска, во „Анализа“ на 24 вести рече дека 24 декември беше детска игра во однос на она што се случуваше синоќа во Собранието.

„Сега имавме обид за линчување на пратениците од луѓе кои беа платени и пратени.Имавме среќа што ова помина без жртви.Повеќе од 10 пратеници беа повредени, а највеќе Села. Во болница не можев дури да го препознаам. Најстрашното не беа повредите. Не делеше чекор до жртви. Луѓето беа дојдени да не убијат. Се дереа кои им беа таргетирани пратеници. Тоа беа 7-8 имиња. Полицијата дозволи да се шетаат маскирани луѓе по Собранието“, рече Шеќеринска.

Со ова се согласи и Теута Арифи, потпретседател на ДУИ. На обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека СДСМ и ДУИ извршиле државен удар со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

„Не е државен удар ако имате мнозинство и изберете претседател на Собранието . Државен удар е ако немате мнозинство а да седнете и да го узурпирате местото на претседателот“, рече Арифи.
Трансфер на власта мора да има, вели Арифи, бидејќи тоа е според принципите на демократијата.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он

Адмирал Бурк по средбата со Шекеринска: Имавме многу продуктивни разговори, благодарност за учеството во КФОР

А1он