(ВИДЕО) Шекеринска: За само две и пол години направивме пресврт – 60% повисока минимална плата, 60.000 нови работни места

Од:

За само две и пол години направивме пресврт таму каде многу малку се надеваа. Почнавме за првпат не само да зборуваме, тука да покажуваме само поправична држава може да биде добра држава, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.

„Целиот изминат период ни говореа дека тоа е невозможно. Ние покажавме дека со срце, со душа кога ќе се зафатиш со работата небото е крајот. Се сеќавам пред две и пол три години кога рековме минималната плата во нашава држава е срамно ниска, и ќе ја покачиме. ВМРО-ДПМНЕ велеше нема шанси, ја затекнавме минималната плата на 9 илјади денари и тоа не за сите, во текстилот и во кожарската индустрија беше и пониска, за само две и пол години минималната плата ја покачивме два пати од 9 на 14.500 денари, и не застануваме, затоа што плата е право за достоинствен живот“, нагласи Шекеринска.

„Кога велевме минималната плата ќе расте, ВМРО-ДПМНЕ велеше ако тоа го направите 100 илјади луѓе ќе останат без работа, ние го направивме, бевме храбри првпат, бевме храбри и вторпат. И денеска минималната плата е речиси 60 % повисока од таа што ни ја оставија, а создадовме нови 60 илјади работни места“, истакна Шекеринска.

„Кога пред две и пол години рековме парите ќе ги враќаме кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ беше и против тоа, гласа против сите проекти кои значеа дека парите од нивни џебови или од некој други бели палати ќе заминуваат во семејните буџети на нашите граѓани, велеа нема шанси, покажавме дека може“, додаде таа.

Шекеринска истакнува дека покажале дека може да се укине радиодифузната такса, дека може да се врати евтината тарифа, дека може дел од ДДВ-то четири пати годишно да се враќа кај граѓаните.

„Денеска паднаа во вода нивни тези дека не може, сега велат малку е. Што било една радиодифузна такса да ја укинеш, а ич“, нагласи Шекеринска

„Ако беше малку имаа 11 години зошто не ја укинаа радиодифузната такса, ако евтината тарифа е малку, зошто не ја вратија. Ако „Мој ДДВ“ како што велат само 3 илјади денари во тромесечјето било, ако е и тоа малку зошто тие не го направија. Ако ги враќаа парите кај граѓаните макар по толку денес секое семејство во нивните 12 години ќе имаше 12 илјади евра, е не е малку“, кажа Шекеринска.

Кога денес ВМРО-ДПМНЕ зборува за поголеми плати, пензии вратете го назад филмот како 100 пати велат дека не може, не ги ценете ги според зборот туку по тоа што го направија, порача Шекеринска.

Ние преземаме обврска дека ќе градиме економија, која нема да се базира на минимална плата, ќе им помагаме на бизнисмените да даваат пристојни плати да расте и минималанта и просечната плата, порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел