Шекеринска во Тетово: Ги повикувам граѓаните да ги наградат политичарите кои сплотуваат

Од:

Потпретседателката на СДСМ и министерка за одбрана Радмила Шекеринска учествуваше на вечерашната промотивна трибина што се одржа како поддршка на кандидатурата на актуелната градоначалничка на општина Тетово Теута Арифи за уште еден мандат на истата функција.

Шеќеринска посочи дека Арифи била дел од неколкумина политичари чија одлуката по парламентарните избори минатиот декември ги овозможила промените во државата и кои делеле заеднички концепт за мир, просперитет и шанса младите својот живот и работа да го гледаат во Македонија.

– Тоа беше уште еден показател поранешните изборни циклуси биле предмет на кражба и насилство, а со сегашната победа во дел од најголемите општини во државата само ја потврдија определбата на граѓаните за реформи и правда. И во Тетово предводат оние луѓе со кои имаме заеднички вредности и концепт за Македонија што ги интегрира сите и обезбедува живот за сите. Затоа ги повикувам сите оние што веруваат дека Македонија вака може да оди напред да излезат на изборите и да ја изберат својата градоначалничка Теута Арифи односно да ги наградат оние политичари кои не сплотуваат, а не оние кои не закаруваат, рече Шекеринска.

И овие и минатите избори, додаде, покажаа дека ако играш на национализам ќе страдаш од национализам. Со победата на овие локални избори ќе покажеме дека Македонија научила од своите и од грешките на другите балкански народи и дека за вредностите за заедничка Македонија мора да се бориме, наведе Шекеринска.

Кандидатката за градоначалник на општина Тетово од редовите на ДУИ Теута Арифи посочи дека вистинската промена се покажала во првиот круг од локалните избори со нејзината победа и разликата од скоро 5.000 гласови во однос на второпласираниот кандидат Биљал Касами од Беса.

– Соработката на локалната со централната власт е клучна за спроведувањето на реформите, но и еднаквоста на сите како најголема можност за развој на нашата држава. Ние делиме заеднички идеи за нашата држава и нашиот град. Добрите насоки за заедничка интеграција во ЕУ и НАТО даваат можност промените и реформите да продолжат по својот тек. Во изминатите четири години работевме на решавање на комплексни комунални проблеми што долги години биле запоставени како што е новиот зафат во водоснабдувањето што 20 години се оддолжуваше, рече Арифи.

Таа најави дека најважни приоритети за следните четири години ќе бидат изградба на капацитетот за третман на отпадните води за што Тетово заедно со Струмица и Битола ќе добијат средства од ИПА програмата, отворање на останатите градски булевари и други зафати.

Новоизбраниот советник во општина Тетово Живе Алексоски кој беше носител на листата на канадидати до СДСМ за оваа општина потенцираше дека со нивната подршка на Теута Арифи се надминуваат стереотипите и предсрасудуите. Заедно со другите двајца советници од оваа партија, како што рече, ќе работат чесно, одговорно и достоинствено во реализирањето на предизборната програма и подобрување на животот за сите во тетовската општина.

Би можело да ве интересира

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто