А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ нема став за референдумот затоа што нема аргументи против

by А1он12/09/2018 - 16:0012/09/2018 - 16:42262
Share0

Потпретседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска како неодговорна и несериозна ја оценува одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да нема конкретен став за претстојниот референдум затоа што, како што рече, се работи за историска шанса, кога сите заеднички треба дадат придонес во решавањето на важно прашање.

Добивај вести на вибер

– Раководството на ВМРО-ДПМНЕ за сите овие години велеше дека граѓаните ќе одлучат за името на референдум, а сега кога има референдум тие бегаат и велат дека немаат став. Кога во политиката немате став, значи дека немате аргументи, односно дека знаете оти сте на погрешната страна, истакна Шекеринска.

Посетите на Македонија што во изминатиот период ги прават важни политички личности од НАТО и ЕУ, според Шекеринска, е уште една потврда дека државата е насочена кон вистинскиот правец, поради што ја добива таквата поддршка.

– В понеделник во посета ни доаѓа првиот човек на Пентагон, првиот човек на најмоќната армија во светот Џејмс Матис, што се случува првпат во последните 14 години. Заборавивме како изгледа посета на министер или секретар за одбрана на САД, иако оваа држава е наш стратешки политички и воен партнер. Тоа покажува колку е голем интересот за нас и поддршката за она што ние го сработивме во последната година, додаде Шекеринска.

Освен посетата на Матис, наредната недела во посета на Македонија ќе дојдат уште двајца министри за одбрана од земји членки на ЕУ за да дадат поддршка референдумот да успее.

Според Шекеринска, светот ги отворил вратите за нас, но сега останува граѓаните на Македонија да одлучат дали таа шанса ќе ја искористат.

referendumsekerinskavmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен