(ВИДЕО) Шекеринска: Убедена сум дека Битола повторно ќе даде шанса за живот во Битола и живот во Македонија

Од:

Заменик претседателот на СДСМ и министер за одбрана во Владата на Република Македонија, Радмила Шекеринска, попладнево на средби со битолчани истакна дека Владата ќе дава отворена поддршка на секоја општина која ги решава проблемите на граѓаните и дека како и на претходните, така и на овие избори Битола ќе даде шанса за живот за сите.

– На претходните избори, Битола го одлучи победникот. Убедена сум дека на овие локални избори Битола повторно ќе одлучи да даде шанса за живот во Битола, живот во Македонија. Како Влада ќе даваме поддршка на секоја општина која работи вредно и упорно да ги решава проблемите на граѓаните. Убедена сум дека по овие локални избори, после долго време Битола ќе биде општина која гради со план, општина која дава приоритет на главните проблеми, а не на потребите на неколкумина моќници. Нашата поддршка ќе ја има општината Битола и Наташа Петровска како градоначалник затоа што сум убедена дека таа ја има довербата на граѓаните на Битола, истакна заменик претседателот на СДСМ.

Шекеринска заедно со кандидатот за градоначалник на Битола Петровска и носителот на листата кандидати за советници Валентин Груевски, попладневната кампања за претстојните локални избори ја реализираа со повеќе директни средби со битолачни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски