Шекеринска: Сто пати повторената лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да стане вистина

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ќе лажат секој ден затоа што само лагите им останаа. Не можеа да најдат никаква забелешка на постапката. Не можеа да кажат дека е во четири очи. Не можеа да скријат дека имало конкуренција и наддавање. Не можеа да објаснат зошто 11 години ја запоставиле Армијата без ниту една инжинериска машина. И уште добија најдиректен демант дека купената машина воопшто не е иста како таа со која споредуваат.

Трет ден ќе им повториме – се работи за различна машина. Споредувате неспоредливо за да ја покриете својата неспособност. Ако имало поевтини машини кои ги исполнувале условите од приложената спецификација, ќе имало и такви понуди при тендерската постапка, која да ги потсетиме уште еднаш ВМРО-ДПМНЕ, беше отворена и транспарентна“, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

И затоа им остана да продолжат да лажат. Очигледно членството во НАТО кое не успеаа да го попречат многу ги боли. Како што ги болат повисоките плати и пензии во Армијата, исплатените станарина и дневници кои ги ветуваа а никогаш не ги остварија. Ги боли очигледната разлика и вниманието од државата кое припадниците на Армијата за прв пат го почувствуваа и на последниот оглас за прием на војници се
пријавија десет пати повеќе кандидати.

Сто пати повторената лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да стане вистина!“, соопштуваат од Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори