Шекеринска: Секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне ќе биде регистриран

Од:

Секое пристигнување, секој евакуиран граѓанин на Авганистан кој ќе пристигне, секој ќе биде регистриран и за сите ќе бидете информирани, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Тоа се се луѓе на кои треба времено престојување пред да заминат во земјите на нивната крајна одредница, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека е многу внимателна со бројките и нагласи дека нема да се крие ниту еден податок. Апелираше медиумите да бидат претпазливи.

Министерката посочи дека како земја која и сама се соочувала со свои бегалци, како земја која сама барала поддршка од НАТО и од ЕУ, сега, како што рече, кога сме во НАТО имаме и малку повеќе одговорност да размислуваме и да помогнеме да се ублажи оваа хуманитарна катастрофа.

Поради Ковид-19 ние се соочуваме со проблеми и затоа, појасни, сите оние бројки за кои досега договаравме и дававме зелено светло ќе бидат практично на трошок на нашите сојузници или на дел од организациите што ги праќаат. Тие ќе бидаат поддршка за оваа хуманитарна помош.

– Како држава која знае колку е опасен екстремизмот треба да дадеме помош и поддршка, рече Шекеринска.

Министерката Шекеринска информира дека еден дел од Авганистанците кои се евакуирани и кои работеле за НАТО, ќе бидат најверојатно транспортирани во некоја од НАТО базите низ Европа.

-И ние веќе добивме барање од НАТО и најверојатно позитивно ќе одговориме за некаков тип на дополнителна поддршка таму, со офицери за цивилно-воени односи, офицери за односи со јавност, како и со одреден тип на можна медицинска или психолошка поддршка. Ние како дел од НАТО Алијансата ги дефинираме кои се тие капацитети кои можеме да ги испратиме во некои од НАТО базите низ Европа каде ќе бидат примени еден дел од евакуираните граѓани кои веќе работеле за НАТО Алијансата, изјави Шекеринска.

Министерката за одбрана посочи дека операцијата за евакуација навистина е многу широка, во десетина европски држави, еден дел, во воени капацитети и додаде дека состојбата се менува од ден во ден.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник