(ВИДЕО) Шекеринска: Преку Шиповиќ власта сака да го прекрои советот во Центар

Од:

СДСМ обвинува дека власта, преку налогот за апсење на претседавачот на советот на Центар Мирослав Шиповиќ, јасно покажува дека на тој начин сака да го прекрои мнозинството во општинскиот совет.

„Еден по еден да не апсите нема да не замолчите и да не запрете да зборуваме за милионите кои се слеаа во некои приватни џебови“, изјави заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска.

Граѓаните во една скопска општина и кажаа НЕ на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци, но власта е глува. Пробаа да ја освојат општина Центар со Пустец. Не успеаа. Пробаа, рече таа, да ја заземат со лажни протести и каменување на зградата. Не успеаа. Пробаа да ја преземат општина Центар со петмесечна опсада и притисоци од сите државни институции. Пробаа да купат и да уценуваат советници. Не успеаа.Тоа што не им успеа со Пустец, сега сакаат да го спроведат со полиција: да ја преземат општина Центар и да ја погазат волјата на нејзините граѓаните.

Според неа, она што вчера го најавиле, денеска со своите изјави го потврдила токму ВМРО-ДПМНЕ – дека спектакуларните најави за апсење и хајката кон претседавачот на Советот на Општина Центар се со една и единствена цел: да се прекрои мнозинството во Центар, да се прекрои составот на советниците и да се земе власта која граѓаните им ја одземаа.

„Два аргумента најмалку дека зад хајките стои политиката, а не правото се следните: Прво, не е случајно што името на полициската операција е „претседавач„ – тоа покажува дека целта била Шиповиќ токму како претседавач на Советот. Второ, дали се сеќавате на поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане поддржан од ДПМНЕ? Прегази човек, уби човек – ама за него немаше ни притвор. Беше градоначалник, го истера мандатот, потоа истата партија го постави и за директор. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за тоа дека законите важат за сите – го заборава ли ваквите, еден од многуте епизоди? СДСМ никогаш не бил ниту ќе биде суд. Ама, суд не е, ниту смее да биде ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту МВР“, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата

Стојановска: Битиќи и СДС молчат и не се извинуваат

ВМРО-ДПМНЕ да каже дали преговараат за потпишување меморандум со компанија која е фатена во корупција и поткуп, велат од СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својата политика на сервилност и служба на бугарската агенда ја доведе државата до негирање од страна на Бугарија