Шекеринска: Посетата на Столтенберг е доказ дека Македонија е на евро-атланската патека

Од:

Посетата на генералниот секретар на НАТО покажува дека во изминативе шест месеци успеавме да ја вратиме Македонија назад на евро-атлантската патека и да ги неутрализираме сите оние лоши вести, лоши информации коишто во континуитет во изминатите години доаѓаа од Македонија. Ова го изјави министерската за одбрана, Радмила Шекеринска, коментирајќи ја престојната дводневна посета на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Посетата ја гледаме како можност на Македонија да се претстави во поинакво светло, како држава која ги решава своите проблеми, како држава која работи на својот приоритет и како држава која реално верува дека членството во НАТО и во ЕУ значат поголема сигурност и поголем просперитет на граѓаните во земјата. Погледнете ја само еврообврзницата од пред неколку дена. Една од причините за така ниската каматна стапка лежи и во вербата на многумина кредитори дека Македонија е идната членка на НАТО. Се разбира дека главната цел на посетата на генералниот секретар на НАТО е да слушне и од наша страна што е она што сме го сработиле, но и да слушне какви се нашите планови“, рече Шекеринска.

Таа додаде дека Столтенберг ќе слуше што е направено во делот на одбраната, каде што Шекеринска смета дека земјата има со што да се пофали.

„Пред генералниот секретар ќе излеземе со податоци за зголемен буџет во одбраната, со веќе зголемено учество во НАТО мисијата во Авганистан, кој што беше еден од приоритетите на генералниот секретар пред само неколку месеци, и со нови политики на транспарентност и интегритет коишто покажуваат дека Македонија за да биде вистински член на НАТО прво треба да си обезбеди интегритет и транспарентност и одговорност во своето функционирање“, рече министерката.

Би можело да ве интересира

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он

Средба на Шекеринска со поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт

А1он

Шекеринска од Вашингтон: Ќе побараме силна поддршка од САД за продолжување на нашиот европски пат

А1он

Адмирал Бурк по средбата со Шекеринска: Имавме многу продуктивни разговори, благодарност за учеството во КФОР

А1он