Шекеринска од Струмица: На референдумот гласаме за да ја зацврстиме нашата државност со членство во НАТО и ЕУ

Од:

Во европска Струмица не треба многу да зборуваме за вредностите на европска Македонија. Струмица беше и ќе остане општина која на најбрз, најефикасен и најпаметен начин ги користеше придобивките од Европската унија и нашиот пат кон членство во ЕУ, рече денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по средбата со градоначалникот на Струмица Коста Јаневски.

Додаде дека граѓаните на Струмица се свесни дека околу шест милиони евра европски пари се обезбедени за изградба на Пречистителната станица, училиштата во Струмица добија колектори за загревање, а ЕУ вложи пари и за зачувување на културно-историското наследство.

– Ако знаеме како држава да ги искористиме новите можности тогаш ќе и помогнеме на нашата татковина да има подобри општини, поквалитетни институции, позадоволни граѓани, поголем број работни места и подобро платени работни места. Одлуката на 30 септември зависи од секој нас. Секој глас може да биде пресуден. Одлуката на 30 септември можеме да ја споредиме само со одлуката што ја донесовме пред 27 години исто во септември, кога гласавме за независноста на нашата татковина, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Порача дека на 8 септември 2001 година гласавме за да ја земеме судбината во свои раце, а сега гласаме за да ја зацврстиме нашата државност со членство во НАТО и ЕУ.

Таа додаде дека земјите од соседството кои станаа членки на НАТО и ЕУ бележат засилен економски развој и раст на странските инвестиции и затоа, како што рече Шекеринска, ќе го донесеме логичниот заклучок дека членството во НАТО и ЕУ ќе ни ја зацврсти државата, ќе ни ги обезбеди дополнително границите, ќе ја гарантира стабилноста, а членството во ЕУ ќе им даде на македонските млади шанса да ги имаат истите придобивки кои што ги имаат младите и децата во ЕУ.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски информираше дека со министерката за одбрана разговарале за претстојниот референдум и одлуката што треба да ја донесат граѓаните на 30 септември.

– Нашите граѓани да излезат масовно на референдумот. Да учествуваат во креирањето на судбината на нашата држава, бидејќи тоа е начинот на кој треба да се однесуваме одговорно. Граѓаните да ги искажат свите мислења, да си ги искажат своите убедувања, да гласаат како што мислат дека треба да гласаат, но да гласаат-да не останат пасивни, порача градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Во рамките на посетата на Струмица, вечер во Градскиот парк министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе зборува на граѓанската трибина.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија