Шекеринска од Македониум: Се е исто во ДПМНЕ, затоа на 15 јули немаме право на грешка, државата мора да продолжи напред

Од:

Заменик-претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска во синоќешниот настап на граѓанската трибинина во Крушево пред Македониумот ја коментираше и предноста која новите анкети и ја даваат на владеачката партија пред опозицијата.

„На 15 јули заради аманетот на илинденците немаме право на грешка, ниту ние ниту вие. На 15 јули изборот е како црно и бело, толку е јасен. Од една страна се луѓето што ништо не променија и останаа во својата бела палата, си ги продолжија своите криминални врски, продолжија да бегаат од медиумите и од дуелите, продолжија да мислат дека законите само за нив не важат, продолжија да не ги почитуваат дури ни законите поврзани со здравјето“, вели Шекеринска.

„На другата страна ние сме многу различна група на луѓе, луѓе кои понекогаш имале различни партии, дури и различни ставови околу одредени прашања но секогаш иста мисла: Дека ја сакаме оваа земја, дека и должиме, дека сакаме да ја поместиме понапред, дека секој од нас мора да остави едно камче во мозаиците низ цела наша држава.

Ние ги решаваме проблемите, ните не се криеме зад партиските интереси, ние велиме дојде време работите да се пресечат и да тргнеме“, рече заменик-претседателката на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски