Шекеринска: Ние сме НАТО реалност што ја унапреди стабилноста и шансите за економски раст

Од:

Денеска и на македонското небо можевме да видиме дека е точна тезата „Ние сме НАТО“, Република Северна Македонија стана 30 членка на НАТО после 30 годишни напори. За жал немавме можност во сред пандемијата со коронавирусот да го прославиме нашето членство, меѓутоа денешниот настан заедничата координирана акција на нашата Армија заедно со НАТО командите и со восдухопловните сили на САД, покажува дека интеграцијата не е само политичка, туку реална, воена и одбранбена.

Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска откако денеска американски воени авиони со прелет над Скопје „Добредојдовте во НАТО“ го поздравија членството на Република Северна Македонија во Алијансата. Таа им се заблагодари за оваа акција на САД, кои, како што рече, на дело и со видлив гест ни посакаа добредојде во Алијансата. Шекеринска им честита на сите кои учествуваа во организацијата, затоа што сето ова трае неколку минути, но зад тоа, подвлече, се многу подготовки и работа.

– На дело и на секој тест покажуваме дека нашето членство го заслуживме, со реформи, со соодветни одлуки, меѓутоа и со многу неуморна работа на бројни припадници на Армијата и на други институции во државата, изјави Шекеринска која го проследи прелетот на авионите во присуство на американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Додаде дека нашата инвестиција во реформи, во членство во НАТО се покажа на дело и за време на справување со пандемијата со коронавирусот.

– Армијата беше тука, беше подготвена и знаеше како да и помогне на државата како резултат на бројните вежби и дома и во рамки на НАТО контекстот, истакна министерката за одбрана и потсети дека како резултат на нашето членство во НАТО можевме да ги искористиме сите механизми и инструменти за брза реакција што Алијансата го предвиде.

Од НАТО добивме брза и ефикасна поддршка и во медицински и во помошен материјал, и тоа, според неа, не направи да бидеме поподготвени и да им помогнеме на граѓаните и на државата на вистински начин.

– Како резултат на нашето членство во НАТО заедно сме посилни и тезата „Ние сме НАТО“ веќе не е парола, туку навистина е реалност што ја унапреди и стабилноста, но и шансите за економски раст на нашата држава, потенцира Шекеринска.

Таа порача дека се подготвивме, знаевме што сакаме и денеска можеме да учествуваме во ваква операција бидејќи навистина сме дел од НАТО.

Полковник Валентин Ивановски, раководител на сектор за воено-воздухопловен авторитет изјави дека денешниот прелет е сложена воздухопловна операција на воздухопловните сили на НАТО Алијансата со учество на два воздухоплови од САД и четири авиони М 16 од грчкото воено воздухопловство.

Тој појасни дека летот е комплетно организиран од Командата на силите за Европа и воден преку воздухопловните оперативни центри каде е вклучен и нашиот нов воздухопловен оперативен центар и каде што сите летови и координација се извршени преку системот за контрола на воздушниот систем. Воздухопловите полетаа од јужната кота, после долг лет влегоа на бугарската граница каде што беа пресретнати од четири воздухоплови од типот Ф 16 на Грчкото воздухопловство и заедно во формација преку Штип, Велес, аеродромот Петровец прелетаа преку градот Скопје.

-Со ова, после долгата и напорна работа Армијата на РСМ покажа дека успешно се интегрира во еден така сложен систем каде што комуникација и координација се вршеше 24 часа. Продолжуваме и понатаму со обуката и интеграцијата и можам да кажам дека сум посебно почестен што учествував во една ваква операција, рече полковник Ивановски.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата