(ВИДЕО) Шекеринска: Институциите ќе им припаѓаат на граѓаните

Од:

Носителот на изборната единица 5 од коалицијата што ја предводи СДСМ, Радмила Шекеринска од Битола најави реформи во државните институции ослободени од партиски притисоци и во служба на граѓаните.

Според Шекеринска, државните институции мора да работат во служба на граѓаните, да бидат отворени кон сите граѓани и да работат на решавањето на нивните проблеми.

Посочи дека нема да има привилегирани поединци кои со помош на партиските шефови во администрацијата ја злоупотребуваат администрацијата, вршат притисок врз вработените и спречуваат каква било помош на оние на кои помошта им е најпотребна.

– Ќе ги ослободиме вработените од партиските стеги, од партиските притисоци, никој во администрацијата нема да биде отпуштен но секој ќе мора да ги почитува законите и да работи во служба на граѓаните. Ќе воведеме двосменско работење во клучните институции за да ги направиме отворени кон сите граѓани до 20 часот. На тој начин, секој во администрацијата чесно ќе го спечали својот леб, чесно ќе ја спечали својата плата, рече Шекеринска на првиот ден од кампањата за предвремените парламентарни избори.

Таа повика на 11 декември да се гласа за институции отворени за граѓаните, институции посветени на својата татковина и проблемите на сите нејзини граѓани.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он