А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шекеринска: Македонија со континуирана поддршка на мисиите на НАТО

by А1он29/06/2017 - 21:28160
Share0

Министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска вечерва се обрати на состанокот на Северноатлантскиот Совет на НАТО, на кој учествуваат 39 министри за одбрана на земји членки на НАТО и земји кои имаат учество во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Добивај вести на вибер

– Република Македонија од 2002 година дава континуиран придонес кон безбедноста на Авганистан, преку учеството на повеќе од 2.700 лица воен персонал во ИСАФ мисијата, а од 1 јануари 2015 и во мисијата „Одлучна поддршка“. Во овој момент мојата земја има распоредено 39 лица воен персонал во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, односно штабен персонал, единица за заштита на сили, инструктори и експерти за обука и советување во Регионалните команди во Кабул и Север“, истакнала Шекеринска и ги поздравила долготрајните напори на НАТО и партнерите за безбедноста на Авганистан.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Шекериснака посочила дека „Македонија за жал помина низ пролонгирана политичка криза која нè доведе до работ на насилен внатрешен конфликт“. – Дојдовме до границата дали ќе ги развиеме демократијата и стабилноста или ќе ги загубиме и двете“, истакнала министерката.

Шекеринска на состанокот нагласила дека Македонија со своето учество во меѓународните операции со години докажува дека е одговорен член на меѓународната заедница, подготвена да ги преземе обврските и одговорностите кои произлегуваат од членство во Алијансата. – Полноправното членство во Алијансата, подобро порано отколку подоцна, е наш приоритет и претставува клучна гаранција за зачувување на регионалната безбедност, стабилност и развој во амбиент на новите безбедносни ризици, посочила Шекеринска.

Во фокусот на дискусијата на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО била безбедносната состојба во Авганистан и иднината на мисијата „Одлучна поддршка“, во согласност со одлуката на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО од 25 мај, мисијата „Одлучна поддршка“ да продолжи и по 2018 година.

Посетата на Брисел министерката за одбрана на Република Македонија ја искористила за повеќе билатерални средби со своите колеги. Шекеринска, како што се наведува во соопштението, се сретнала со министрите за одбрана на Италија, Норвешка, Турција, Франција, Австрија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, БиХ. Шекеринска се сретна и со директорот за одбранбено планирање во НАТО, Пол Северо, со претседавачот на воениот комитет на НАТО, генералот Петр Павел и со командантот на сојузничките сили на НАТО за Европа, генерал Мајкл Скапароти.

natoodbranasekerinska

Би можело да ве интересира

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Горан Наумовски05/03/2026 - 07:23

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:05

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:28

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он02/03/2026 - 19:4002/03/2026 - 19:22

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен