Шекеринска: Инвестираме во добри односи со сите соседи, вклучително и Грција

Од:

Во тек се разговорите со Грција, двајцата министри се во Виена, сакаме да се надеваме и ќе направиме се Македонија да биде конструктивна и да даде придонес кон успешен процес, истакна вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа по посетата на Воено-медицинскиот центар рече дека добрите односи со соседите се прашање што ние треба да го решаваме дури и без овој дел на членство во ЕУ и НАТО.

– Инвестираме во добри односи со сите соседи, вклучително и со Грција. Македонија досега плати превисока цена на грчкото вето во 2008 година. Меѓутоа, сега сметаме дека она што го научивме овие 10 години треба да ни помогне да го најдеме решението и сметаме дека и Грција ќе профитира од нашето членство во НАТО и во ЕУ и како добри соседи треба да си даваме поддршка во вакви моменти, додаде Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

Орце Костов

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска