• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Шекеринска: Има многу аргументи во полза на иницијативата за предвремени парламентарни избори

by А1он13/01/2019 - 13:54408
Share0

Сериозно ќе ја разгледаме иницијативата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори, има многу аргументи и во полза на таквата иницијатива, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Добивај вести на вибер

Според Шекеринска, ВМРО-ДПМНЕ ја изнеле иницијативата веднаш по гласањето во Собранието за уставните измени за Преспанскиот договор со што сакале да ја сменат темата и да се заборави дека Македонија успеала да реши еден проблем.

– Сакаат помалку да ја сменат темата, бидејќи не им одговара. Темата покажува дека ако сакаш нешто да се реши ќе го решиш, ако сакаш да ја ослободиш државата од изолација ќе ја ослободиш, ако сакаш перспектива на своите граѓани ќе им понудиш отворени, а не затворени врати. На тоа се должеше иницијативата да се бараат избори, ама да се наоѓа начин како тие да не се случат. Сериозно ќе ја разгледаме иницијативата, има многу аргументи и во полза на една таква иницијатива, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Владата.

На прашањето дали е прифатлива техничка Влада, како што стои во Договорот од Пржино и како што бара опозицијата, Шекеринска одговори дека ќе ги почитуваат законите.

– Дефинитивно, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги почитуваме законите кои оваа држава ги донела. Одговорот ќе биде – Да, во такво сценарио она што стои во законите од прва до последна точка ќе го исполниме, наведе Шекеринска.

Според вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, Демократската унија за интеграција (ДУИ) сега на избори би постигнала 2,5 пати подобри резултати од тие во декември 2016 година. Но сега, потенцира, целата политичка енергија треба да се фокусира на заокружување на членството во НАТО и преговорите со Европската унија и на примена на идејата 2019 да биде година на економијата.

ДУИ, како што рече, се противеле на идејата за предвремени избори веднаш по референдумот иако тогаш сите анкети покажувале дека ќе имаат 1,5 пати повеќе резултати од тие во декември 2016 година затоа што сметале дека Владата има мандат да ги реши тешките и големи прашања на државата и да го гарантира ченството во НАТО и во ЕУ.

– Денеска, исто така, рејтинзите и партиските интереси покажуваат дека ДУИ ќе има два и пол пати подобри резултатит доколу има избори од тоа што го имавме во декемри 2016. Стоиме на ставот дека прашањето за членство во НАТО и почнување преговори со ЕУ треба да се заокружи идејата зошто го потпишавме Договорот од Преспа и ги правиме уставните измени беше да се гарантира членството во НАТО. Сметам дека целата политичка енергија треба да ја фокусираме на заокружување на членството во НАТО и преговорите со Европската унија и на примена на идејата 2019 да биде година на економијата.

izboripredvremeni izborisekerinska

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Предраг Петровиќ09/01/2026 - 19:05

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:50

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Горан Наумовски31/10/2025 - 07:31

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен