Шекеринска и Димитров на средба со Могерини и Хан: Македонија се движи во позитивен правец

Од:

Македонија се движи во позитивен правец, ги исполнува зададените критериуми, а ЕУ и НАТО треба да ги признаат напорите и постигнатите резултати и да и овозможат на земјата да премине на следните чекори во евроатлантските интеграции.

Ова заеднички е заклучено на денешната средба во Брисел на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

На вториот ден од работната посета на Брисел, информираат од МО, министрите ја информираа европската двојка за успешното одвивање на собранискиот процес за уставните измени, како и за фазите кои се во тек и за фазите кои претстојат до исполнувањето на преостанатите критериуми за полноправно членство на Македонија во НАТО, и почеток на преговори со ЕУ.

Шекеринска притоа и предаде писмо на високата претставничка Могерини за соработка на Министерството за одбрана и ЕУ во справувањето со хибридните закани. Во писмото се истакнува дека нашата земја веќе има покренато национални анализи за откривањето на изворите на ризици и потенцијалната изложеност на такви закани и дека ги поддржува сите координирани активности на ЕУ на тој план.

Претходно, Шекеринска учествуваше на 11-тата годишна конференција организирана од германската Фондација за наука и политика на која беше даден осврт на надворешната и безбедносната политика на ЕУ во изминатата година и интегрирањето на земјите од регионов. На конференцијата Шекеринска ги пренесе очекувањата на Македонија во поглед на проширувањето на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска