Шекеринска и Димитров на состанок на Североатланскиот совет посветен на Македонија

Од:

Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска заедно со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров престојуваат во посета на Брисел каде денеска ќе учествуваат на состанокот на Северно-атлантскиот совет со Република Македонија (NAC+1).

На состанокот со амбасадорите на Северно-атлантскиот совет со кој ќе претседава заменикот генерален секретар на НАТО Роуз Готемелер, ќе се затвори 17-от циклус на Акциониот план за членство на РМ во НАТО, при што ќе бидат презентирани реализираните цели и активности на Владата во насока на исполнување на поставените критериуми за членство во Алијансата.

Од Владата денеска соопштија дека фокусот ќе биде ставен на реформските процеси што интензивно и навремено се спроведуваат според Планот 3-6-9, на придонесот на Македонија кон зачувување и унапредување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко, како и на идните активности во рамки на проактивната надворешна политика и одбранбените реформи.

Министрите Шекеринска и Димитров денеска во Брисел ќе имаат средба со заменик генералниот секретар на НАТО Готемелер, по што во 14:45 часот во прес-центарот на НАТО ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

Во пресрет на состанокот на Северно – атлантскиот совет, Шекеринска вчера во Брисел се сретна со Педро Серано, заменик генерален секретар на Европската служба за надворешна политика, а за денеска се очекува да има средба со директорот на Директоратот за планирање и политика на НАТО Пол Северо. Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера попладнево во Брисел се сретне со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници