Шекеринска и Димитров на 22-от Меѓународен симпозиум „Сими”

Од:

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров учествуваат на 22-от Меѓународен симпозиум „Сими”, што оваа година се одржува во Атина и Лагониси, под покровителство на грчкото претседателство со Советот на Европа, а во организација на Фондацијата „Андреас Папандреу“ и сво оработка со Регионот Атика и Градот Атина.

Во фокусот на симпозиумот, соопшти денеска владиниот Сектор за односи со јавноста, е соработката и солидарноста во контекст на пандемијата со КОВИД-19, како и светот потоа, а во функција на размена на мислења за пристап и стратегии што ќе ги застапуваат националните и глобалните интереси во сферата на здравствената заштита, излезните стратегии, регионалната соработка и социо-економските предизвици по КОВИД-19 кризата, човековите права и влијанијата врз ранливите категории, развојот на „зелените“ економии, влијанијата врз демократијата и други релевантни теми.

Шекеринска учествувала на панелот „Светот по КОВИД-19” посветен на политичките и безбедносните глобални предизвици предизвикани од коронавирусот, на кој учествувал и заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана, како и политичари и експерти од САД, Шведска, Турција и Франција.

– Пандемијата покажа дека концептот на безбедност мора да се редефинира и прошири. Тоа повлекува промени во нашите национални стратегии, но и промени во планирањето од страна на НАТО, поддржано и на последните министерски состаноци. Пандемијата воедно го потсети светот за важноста од вложување во јавното здравство и научната соработка, истакнала заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Димитров, на панелот насловен „КОВИД-19 и регионална соработка – приоретизација на заедничките интереси” се осврнал на значењето на регионалната соработка особено во услови на пандемија, како и на потребата од преземање неопходни мерки за ублажување на импликациите од КОВИД-19 врз здравјето и социо-економскиот живот на граѓаните во земјите од Западен Балкан и ЕУ. На панелот заедно со министерот Димитров учествувале и поранешните премиери на Грција и Косово, Јоргос Папандреу и Албин Курти.

– Географски, културолошки, економски, нашиот регион е во ист брод со Европската Унија. И ние сега сме во трка со времето. Да го направиме Западниот Балкан целосно европски, каде тензиите околу национализмот, границите, историјата ќе го отвораат патот за посветла сегашност и иднина на денешните и следните генерации. Да ги убедиме скептичните во ЕУ дека е од заеднички интерес да се инвестира во оваа цел, како и да ја вратиме надежта кај младите од регионот, дека целта за подобар и просперитетен живот, владеење на правото, квалитетни образовни и здравствени услуги , чист воздух, е достижна и дома. Притоа, ангажманот и помошта од големите политички сили секако се многу важни, но ние сме тие што треба да ги создадеме приликите на терен. И ова чувство на соработка, солидарност и заедништво што полека, но сигурно, повторно се роди за време на кризата со пандемијата, е особено важно сите заедно да го негуваме и понатаму во рамки на пристапниот процес кон остварување на целта за целосно европски Западен Балкан, истакнал министерот Димитров во своето излагање, се наведува во соопштението.

На маргините на симпозиумот министерот Димитров остварил неколку средби меѓу кои и со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милитиадис Варвициотис, со кого разговарале за главните прашања од агендата на грчкото претседателство со Советот на Европа.

Инаку, симпозиумот овозможува дебата помеѓу политичари, здравствени научници, академици, нобеловци и претставници на меѓународни и европски организации.

Би можело да ве интересира

Османи: И Бугарија има интерес регионот да се интегрира во ЕУ

Ана Ололовска

Османи-Брегу: Земјите од регионот покажа кохезивност за време на пандемијата, регионалната соработка е клучна за успех

Ана Ололовска

Османи на средба со генералниот секретар на Регионален совет за соработка, Мајлинда Брегу

Ана Ололовска

Добрососедските односи и ЕУ во фокусот на надворешната политика, недоразбирањата со Бугарија да се решат со интензивна комуникација

Ана Ололовска

Добрососедските односи се прв приоритет на МНР во следниот четиригодишен мандат

Ана Ололовска

Османи: Убеден сум дека стратешки интерес на Бугарија е земјава да биде дел од ЕУ, разликите ќе ги надминеме со интензивна комуникација

Ана Ололовска