Шекеринска: Фокусот е на поканата, по Самитот ќе се прецизира референдумот

Од:

Фокусот на Владата во моментов е насочен кон Самитот на НАТО, закажан за 11 и 12 јули во Брисел, со цел да се елиминира секоја можност за какви било отворени прашања и проблеми, а откако Македонија ќе ја добие долгоочекуваната покана, енергијата ќе биде насочена кон референдумот за договорот со Грција.

Ова го порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали постои усогласеност во владината коалиција, околу референдумот за договорот од Преспа.

– Навистина фокусот ни е да направиме се во 2018 да го добиеме она што го испуштивме во 2008 година. Во меѓувреме разговараме, се консултираме со правници, се консултираме со експерти и очекуваме по Самиотот на НАТО за оваа тема да се носи одлука таму каде што треба, а тоа е во Собранието на РМ, рече таа.

Додаде дека во коалицијата постои целосно усогласен став, а тоа е дека е потребно одржливо, квалитетно решавање на проблемот, кое на вистински начин ќе ни ги отвори вратите за ЕУ и НАТО.

– Ова решение сметаме дека можно е не само преку двотретинска поддршка во Собранието, туку и преку силна изразена волја на граѓаните на оваа држава – дека сакаат членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, рече таа.

Во врска со природата на референдумот, условите, нагласи оти Владата не сака да импровизира во јавноста.

– Ги правиме сите анализи и веднаш штом ќе имаме официјално решение ќе излезе со предлог. Одлуката се разбира е на Собранието и очекуваме таа да биде потврдена. Сметаме дека на ваков начин ќе ги избегнеме политизациите на процесот, нагласи Шекеринска.

Би можело да ве интересира

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина

Шекеринска: НАТО нема да се двоуми во обезбедувањето помош за Украинa

Горан Наумовски

„Политико“: Шекеринска и Габриел кандидатки за заменички на генералниот секретар на НАТО

Горан Наумовски

Уште две министерки побараа апанажа: Царовска молчи за плановите, Шекеринска размислува

Кристијан Ландов

Шекеринска: Принципиелно и чесно е да не учествувам во следната Влада

Ана Ололовска

Шекеринска – Брнз: Обуката на Лесната пешадиска баталјонска група со американски инструктори – важна страница во билатералната соработка

А1он