Шекеринска: Фокусирани сме на реформите на одбранбените сили

Од:

Силно сме фокусирани на реформите кои треба да ни помогнат на патот кон надминување на проблемите кои досега ги засегаа сите припадници на одбранбените сили на Министерството за одбрана на Република Македонија. Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната средба со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на актуелните политики на Министерството за одбрана, за решавање на статусот на професионалните војници, како и за промоција на можностите и мерките за пријавување млади лица од општината на конкурсите за отслужување воен рок, што воедно би претставувало и можност за нивен понатамошен професионален ангажман од страна на Министеството.

Шекеринска посочи дека, и таа како министер и целото Министерство се отворени за било каква поддршка во процесот на утврдување на потребите од оваа област и испрати јасна порака дека ваквиот вид на соработка е еден од нејзините врвни приоритети.

Мицевски ја поздрави искажаната подготвеност за соработка од страна на министерката. – Ова е нова клима за продлабочување на соработката и начинот на кој заеднички преземаме чекори за пружање на поддршка во надминувањето и решавањето на проблемите и статусот на младите кривопланчани, припадници на професионалните војници и другите одбранбени сили во служба на АРМ, изјави Мицевски.

На денешната средба беше посочено дека постои силна политичка волја за конкретна соработка, како и цврст линк помеѓу политиките на централната и локалната власт.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он