Шекеринска: Догодина повисоки плати и подобри услови за АРМ

Од:

Припадниците на армијата мора да знаат дека ќе бидат ценети според својата способност и знаење, а не според фаворизирање на поединци или политички партии, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со припадниците на Полкот за специјални операции при АРМ.

– Тоа што го најавивме ќе го реализираме. Буџетот за 2018 година влезе во собраниска процедура и тој потврдува дека Владата и јас како министерка за одбрана ќе го реализираме она на што се обврзавме, а тоа е обезбедување средства за зголемување на платите за сите кои се во служба на армијата на Македонија во износ од 10 проценти, истакна Шекеринска и додаде дека за тоа се обезбедени 300 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он