Шекеринска до мировниците во мисиите во Авганистан: Вие бевте влезницата на С. Македонија во НАТО

Од:

Нашето денешно членство во НАТО е заслуга на сите над 500 армиски припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ и над три илјади во мисијата „ИСАФ“ што започна во 2002 година. Вие бевте не само влезница за сите нас да можеме да ја претставиме државата во НАТО, вие бевте влезницата на РС Македонија да пристапи кон најмоќната воено политичка алијанса. Покрај сите политички напори, вашата жртва, одговорност, ризик, работа, беа тие кои не претрставија во најдобро светло.

Ова го нагласи, како што рече, не дипломатски, не формално, туку од срце, министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната свеченост по повод завршувањето на учеството на Армијата на Северна Македонија во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а на која се обрати и претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Нашата мисија по речиси две децении активно учество на припадниците на Армијата заврши. Како вие ротација по ротација покажувавте дека сте вредни да ги штитите колегите или претпоставените од САД, Турција, Германија, Норвешка и од сите други земји учеснички во „Одлучна поддршка“ или „ИСАФ“, така и ние од почетокот во 2002 година покажавме дека сме верни на вредностите, приниципите и одлуките на Алијансата. Нашата посветеност, како и посветеноста на Алијансата на Авганистан не престанува, ќе продолжиме да даваме поддршка, заедно со сојузниците на авганистанските безбедносни сили, рече меѓу другото Шекеринска.

Додаде дека кога ги воделе последните „битки“ да станеме членка на НАТО, не постоел состанок или средба со претставник на НАТО или на членка на Алијансата, а да не биде споменат нивниот придонес.

Таа уште еднаш им се заблагодари на припадниците на Армијата учесници во овие мисии, за храброста, за издржливоста и за сето нивно залагање, знаење и мотивација, за способноста што покажале и потврдиле дека тие се војниците на Армијата на РСМ на кои НАТО може да се потпре. Шекеринска се заблагодари и на оние кои служеа во главниот град, во командата, на сите оние кои служеа во командата и единицата за обезбедување на главната команда во Кабул, на штабните офицери во командата Север, како и на медицинските лица како дел од норвешката Роуд болница.

Министерката Шекеринска изрази убеденост дека сите научени вештини и научени лекции ќе ги пренесат дома и така ќе помогнат да се развиваме како НАТО армија и вистинска НАТО членка.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори