Шапуриќ: Повеќе активности од Град Скопје за справување со загадувањето на воздухот

Од:

На последната седница на Советот на град Скопје, советникот од Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, побара од градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, да се обрати до Владата за доделување на субвенции – дотации, за преземање на мерки и активности од страна на градот за поголема заштита на животна средина, а особено за справување со се’ поголемото загадување на воздухот.

Според Европската агенција за животна средина, како и според бројни други меѓународни органзации, Скопје е најзагаден главен град во Европа. Загадувањето на воздухот е најголем еколошки проблем на Скопје и серизоно го нарушува здравјето на граѓаните.

За преземање на поинтезивни мерки за справување со загадувањето на воздухот, а особено со ПМ 2, 5 и ПМ 10 честички, неопходни се дополнителни средства кои Владата треба да ги додели на градот. Справувањето со загадувањето би требало да биде многу поважен приоритет отколку што се дотациите од Владата на градот Скопје за панорамско тркало за Скопје 2014 и други непродуктивни проекти.

Со овие дотации, градот би можел да организира бесплатен автобуски јавен превоз во Скопје, во деновите кога загадување на воздухот е поголемо од максималнижо дозволените вредности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски