Шаќири за тендерските услови на учебниците: Постапките не ги одлучува министерот, се почитува Законот за учебници

Од:

Постапките и законите се почитуваат од Законот за учебници, на првиот повик се појавија повеќе од 10 компании, значи имаат пристапна конкуренција. Исто така, во постапките не одлучува министерот, вклучено е и упатство за работа, има и комисија, има и рецензенти и експерти кои имаат долгогодишно работно искуство во овие работи, изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, во одговор на новинарско прашање за начинот на избор на фирма во тендерските услови за учебниците за време на денешната прес-конференција поврзано со безбедноста на училиштата.

– Во буџетот се обезбедени буџетски средства за целосно да се исполнат барањата на основните и средните училиште оваа учебна година. Исто така, се обезбедени буџетски средства и наредната учебна година да се обезбедат учебници за сите основни и средни училишта. Значи, ќе имаме учебници, буџетски средства за сите основни и средни училишта вклучувајќи и странски јазици кои се подолг период, додаде Шаќири.

Тој ги повика сите страни да ги следат сите постапки од начинот на одобрување, начинот на согласност, да бидат вклучен во целиот процес на издавање, односно одобрување на учебник за странски јазик, исто така и во постапките за печатење на учебниците.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Шаќири: Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри

A1on

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури