Шаќири: Сајбер безбедноста е важен фактор во процесот на дигитализација

Од:

По добивањето коментари и сугестии од дебатата за Националната стратегија за ИКТ, се подготвува информацијата за следната владина седница, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Како што соопшти МИОА, Шаќири порачува дека иднината на нашето општество е тесно поврзана со технологијата и затоа паралелно со процесот на дигитализација се грижиме и за сајбер безбедноста.

Министерот Шаќири нагласува дека ќе се зајакне улогата на Националниот Центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ, како дел од Дигиталната агенција, која ќе се формира преку нацрт -законот подготвен од МИОА. Овој Центар ќе биде координатор на сите други локални центри и ќе работи во рамките на другите клучни институции во Република Северна Македонија.

-Во соработка со Министерството за образование и наука подготвуваме нацрт -проект кој ќе има за цел да ја зачува хигиената и сајбер будноста и да ги заштити учениците и децата од сајбер напади, информира Шаќири.

Како што информираа претходно од МИОА, Националната стратегија за ИКТ 2021 – 2025 на Република Северна Македонија“ се фокусира на утврдување на приоритетните области во ИКТ-секторот и има за цел да ја подготви РСМ за сестрана и агилна дигитална иднина.

Би можело да ве интересира

Шаќири: Дел од реформата за основно образование е спојување на предметите

Шаќири: Се прават сите подготовки за да се полага државна матура на 27 мај

Шаќири: Често да се дискутира со младите, да ја подигнеме свесноста за љубезноста и толерантното однесување

Горан Наумовски

МОН ќе и предложи на Владата итна проценка на безбедносните ризици од одредени социјални мрежи како Тик-Ток

Шаќири: Ги мотивираме компаниите да ги задржат младите кадри во земјава

Министерот Шаќири за процент не сака да разговара, договор за платите на наставниците до вторник