Протест, блокади и бојкот-родителите на учениците од „Његош“ му се заканија на министерот Шаќири

Од:

Повеќе од 10 дена по нашата одлука како иницијативен одбор на сила е целосен бојкот на наставата во ООУ Његош. На повик на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски изминатата недела во просториите на општина Гази Баба имавме средба со Министерот за образование и наука Јетон Шакири на која ги соопштивме нашите барања директно и лично на министерот. За жал минуваат деновите но нема никаков слух и реакција од страна на Министерот Шакири се вели во писмото од Иницијативниот одбор на родителите на учениците од основното училиште Његош во опптина Гази Баба.

– Наместо реализација на нашите барања Министерот Шакири преку медиумите се заканува со ултиматуим и одземање на ингеренциите на општината. Имајќи ја предвид ваквата состојба, како иницијативен одбор по оддржан состанок ја информираме јавноста: Закажуваме голем протест за утре (среда) 04.10.2023 година со почеток во 17:30 часот пред зградата на ООУ Његош во Јурумлери. Ги повикуваме на протестот сите родители да ни се приклучат. Дополнително ја информираме јавноста дека по заканите од Министерот за одземање на ингеренции на нашите иницијативен одбор се приклучија родители на ученици од сите останати основни општински училишта во Гази Баба кој даваат поддршка на нашите барања, се вели во соопштението.

Родителите му порачуваат на министерот дека одземањето на ингеренциите на општината ќе донесе бојкот на наставата во сите основни училишта на територија на Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Левица: Стефковски ги остави учениците во Гази Баба без бесплатен превоз

Го киднапирале и силувале за долг од 150 евра – кривична за двајца скопјани

Анита Петровска Рајковиќ

Учениците од четврто, петто и шесто одделение од денеска ќе ги имаат првите дигитални интерактивни учебници

Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати