Шаќири: Најголем дел од учебниците се веќе испорачани, ќе има и нови мерки за безбедност во училиштата

Од:

На први септемрви, односно утре ќе стартува новата учебна година а истата ќе трае до 17 јуни и учениците за првпат ќе имаат пролетен распуст, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Во изминатиот период како што рече министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт на учебната година.

„Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, а о меѓувреме на располагање се помошни учебници.

Во средното образование во една година се одобрени 150 учебници и тие како што ќе се печатат, ќе се доставуваат до училиштата“, информира Шаќири.

Летово биле реконструирани 56 училишни објекти и вложени се 4,5 милиони евра.

– Во новата учебна година ќе има и нови безбедносни мерки во училиштата. На сите ученици им посакувам успешна година, а на наставниците им посакувам успешна работа со помалку предизвици – рече Шаќири.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

Влада: Обезбедена е навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Јаневска: Освен за странски јазици, учебници на 1 септември ќе има и дистрибуцијата веќе почна

Горан Наумовски

Јаневска: Ќе има учебници, освен за странски јазик

Седмоодделенците од септември ќе учат од учебниците што се користат досега

Горан Наумовски