Шајноски: Обезбедувањето на ректорот насилно не’ исфли, продолжуваме со штрајкот со глад

Од:

Обезбедувањето по наредба на Ректорската управа ги избркала тројцата професори Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски од просториите на Економскиот факултет при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ откако денеска во 16 и 30 часот го почнаа штрајкот со глад, бидејќи како што тврдат, незаконски се избркани од работа. Но, тврдат дека тоа нема да ги спречи да го продолжат штрајкот, објави Фокус

– Од просториите на факултетот не избрка обезбедувањето на Ректорот. Од просториите насилно не исфрлија шесторица на чело со шефот на обезбедувањето. Не изнесоа на раце. Сега седиме на скалите пред факултетот и чекаме од синдикатот да ни обезбедат просторија каде да го продолжиме штрајкот. Ректорот не не регистрира. Сигурно сме избркани од тука по негова наредба. Но, нема да дозволиме ова да помине вака. Ние ќе продолжиме со штрајкот се додека не се исполнат нашите барања – тврди професорот Крсте Шајноски.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена