(ВИДЕО) Шахпаска: Ги повикувам експертите за човекови права да конкурираат за избор во Комисијата за заштита од дискриминација

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ги повикува сите оние кои се стручни во областа на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата и ги исполнуваат законските услови, да се јават на огласот за избор на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, кој Собранието на Република Северна Македонија е должно да го објави во рок 15 дена од стапувањето на сила на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

-Ги повикувам сите што имаат стручно познавање и искуство во делот на човековите права, еднаквоста и недискриминацијата да се јават на огласот и низ транспарентен процес да бидат избрани најдобрите кандидати. Граѓаните тоа го очекуваат. Обезбедени се услови за создавање на независна, професионална и ефикасна Комисија за спречување и заштита од дискриминација, чијашто задача ќе биде заштита на граѓаните кои се дискриминирани по кој било основ, порача министерката Шахпаска, по изгласувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Таа оцени дека овој Закон е од исклучително значење за граѓаните и за државата, особено што сега јасно се дефинирани основите на дискриминација, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, во согласност со меѓународните стандарди и европската регулатива.

-Концептот едно општество за сите подразбира почитување на различностите, борба против дискриминацијата, еднакви права и слободи за сите граѓани. Владата и Министерството за труд и социјална политика посветено работат за негова реализација, истакна Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска