Шахпаска: УНИЦЕФ е наш голем поддржувач и партнер во унапредување на правата на децата

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани, со која разговараше за тековните и идни проекти и соработката помеѓу двете институции, информира МТСП.

-Грижата за децата е приоритет на Министерството за труд и социјална политика и оттука мошне е значајна соработката со УНИЦЕФ како организација која ги заштитува правата на децата на светско ниво, истакнала министерката Шахпаска.

На средбата се разговарало за тековните проекти и предизвици кои ги донесе пандемијата на корона вирусот и промената во начинот на функционирање на институционално ниво, но и воопшто како општество.

Министерката за труд и социјална политиа посочила дека соработката со УНИЦЕФ е од големо значење во насока на можностите за примена на светските практики и воспоставување на највисоките стандарди со цел обезбедување на најдобриот интерес на детето.

Во пресрет на Светскиот ден на децата – 20 ноември и јубилејот од 30 години од стапување на сила на Конвенцијта за правата на детето, на средбата станало збор и за заедничкото учество во одбележувањето на овој ден во нашата држава.

Двете соговорнички изразиле уверување и подготвеност за продолжување на одличната соработка и во иднина.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска

Стефковски: Скандал – Преку медиумите дознав дека ни се одземени надлежностите за градинката

Ана Ололовска