Шахпаска-Танги: Со социјалната реформа градиме социјална заштита според европски стандарди

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со пратеничката и заменик претседателка на Комисијата за европски прашања во Националното Собрание на Франција, Лилиана Танги и францускиот амбасадор Сирил Бoмгартнер.

На состанокот, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, се разговарало за политиките што двете држави ги водат за спречување и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство, како и за поддршката што двете држави ја даваат за лицата со попреченост.

Министерката Шахпаска информирала дека со новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, вградени се принципите од Истанбулската конвенција и се овозможува системски пристап во заштитата на жените и децата од насилство.

-Ова законско решение предвидува мултисекторски пристап на институциите, кои заедно со граѓанскиот сектор се од клучно значење за препознавањето, превенцијата и заштитата од насилство врз жените и семејното насилство. Дополнително воспоставивме систем за реинтеграција на жртвите на насилство. Од ова законско решение произлезе и воспоставувањето на Националното координативно тело, чија работа ја координира МТСП и има задача да предлага мерки за унапредување на превенцијата и заштитата од насилството врз жените и семејното насилство, но и да го следи спроведувањето на Конвенцијата на Советот на Европа, нагласила министерката Шахпаска.​

Таа информирала за социјалната реформа, со која се воспоставија и нови услуги, како помош и нега во домот, одмена на семејната грижа, но и обезбедување на лични асистенти за лицата со попреченост од шест до 65 години.

Француската пратеничка Танги истакнала дека законските решенија и политики на двете земји имаат многу сличности и изрази задоволство од политиките што ги спроведува Северна Македонија во социјалната сфера. Преку конкретни примери Танги направила споредба за сличности во социјалната политика на двете земји.

Министерката Шахпаска оценила дека искуството на Франција е многу значајно за Република Северна Македонија.

Двете соговорнички разговарале и за деинституционализацијата и воспоставувањето на новите форми на живеење со поддршка, но и за новините во делот на породилното отсуство коишто се предвидени во работната верзија на системскиот закон за работни односи, со кој се предвидува и татковско отсуство.

Целта на неколкудневната посета на Танги во нашата земја е и нејзиното обраќање во рамки на проектот TAIEX на Европската Унија, чија цел е зајакнување на меѓупарламентарната соработка која придонесува за процесот на европска интеграција.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска