Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна

Од:

Состојбата во градинките поврзана со пандемијата предизвикана од коронавирусот е стабилна. Изминатиот период е забележан само еден нов позитивен случај од вработените, а позитивни деца згрижени во градинките нема, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска. Согласно ова таа најави дека доколку епидемиолошката состојба и натаму е стабилна може да се размислува за зголемување на капацитетот на градинките, односно укинување на протоколите.

-Претпазливо одиме во целиот овој процес бидејќи се работи за најмладите и ќе правиме проценка кога би можеле да ги отвориме групите комплетно како во претходниот период. Она за кое имаше измена во протоколите е за време на годишните одмори да можат да се спојуваат децата од 2 до 6 години во иста група за да можат вработените да ги користат одморите, рече министерката Шахпаска по отворањето на нова детска градинка во Шуто Оризари.

Одиме, додаде таа, претпазливо и согласно епидемиолошката состојба и мислењата на стручните компетентни лица во Комисијата за заразни болести ќе се види дали и кога комплетно ќе се отворат.

-Сè уште не, но верувам дека тоа ќе се случи многу скоро ако остане ваква состојбата во државата, истакна министерката за труд и социјална политика Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов