Шахпаска: Состојбата во градинките се уште е стабилна

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска од Штип порача дека состојбата во детските градинки се уште е под контрола.

-Бројот на позитивни дечиња во градинките е со денешна бројка изнесува 35, а 279 возрасни вработени во градинките. Тоа е бројката, што ја добив пред да пристигнам, малку коригирана со утринските бројки. Тоа се возрасни вработени, меѓутоа воспитувачи, негователи, градинари, луѓе коишто работат во кујна, односно персоналот кој овозможува непречено функционирање на детските градинки, вели Шахпаска.

Според последните податоци 31 Центар за лицата со попреченост работат и во нив се згрижуваат корисниците, а три центри се затворени поради 16 вработени и четворица штитеници, позитивни на коронавирусот.

-Знаеме дека и Дневниот Центар во Штип беше затворен еден краток период заради позитивни, како вработен, така и неколку штитеници, корисници. Меѓутоа по изолацијата и по изминувањето на периодот согласно препораките на здравствените власти, центарот е повторно отворен, вели Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Продолжен рокот за пријавување на новинари и на медиумски работници за вакцинација против Ковид-19

Жарко Настоски

31 пациент починал од Ковид-19, забележани 908 нови случаи

Жарко Настоски

Ќе се проверуваат антитела за ковид на товар на Фондот, но под одредени критериуми

Катерина Павлова-Николовска

Филипче: Има млада почината пациентка, родителите се согласија за донирање на нејзините органи

Катерина Павлова-Николовска

Филипче ќе преговара „Торлак“ да стане наш стратешки партнер за набавка на вакцини

Маја Илиевска-Пачемска

Туристичките агенции со загуби над 80 проценти, ќе се приклучат на протестот на угостителите

Катерина Павлова-Николовска