Шахпаска: Секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по повод 1 Март – Денот на нула дискриминација порачува дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување.

Во видео пораката, Шахпаска посочува дека Владата и Министерството за труд и социјална политика направиле сериозен исчекор во борбата против дискриминацијата.

– Преку широка и отворена дебата успеавме да го усвоиме Законот за спречување и заштита од дискриминација. Законот јасно ги дефинира основите на дискриминација согласно Меѓународните конвенции и Европската регулатива. За прв пат како дискриминаторски основи ги вклучивме и сексуалната ориентација и родовиот идентитет, како дел од основните човекови права и слободи, вели Шахпаска.

Таа ја потенцира транспарентната постапка за избор на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која има задача ефикасно, објективно, независно и принципиелно да работи во интерес на граѓаните.

– Градиме еднакво општество за сите, водени од тоа дека секој има право на достоинствен живот без оглед на возраст, пол, расна и етничка припадност или убедување. Секој човек е различен и секој човек има право на избор. Впрочем, убавината на општеството ја прават различностите, истакнува министерката Шахпаска во видео пораката.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска