Шахпаска: Приоритет е унапредувањето на правата на лицата со попреченост и нивна поуспешна социјална инклузија

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Ресурсниот центар на родители на деца со попреченост и разговараше за досегашната работа на здружението и можностите и потребите за унапредување на правата на лицата со попреченост во сите сегменти на нивниот живот.

Претставниците на Ресурниот центар на родители на деца со попреченост, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, истанаа дека целта на самото основање на центарот е обезбедување поддршка, помош, пристап до информации и да се обезбеди остварување на правата на лицата со попреченост и нивните семејства.

– Министерката Шахпаска го истакна значењето на подигнување на јавната свест во општеството и одговорност за доследно почитување на правата на лицата со попреченост, со цел нивно целосно вклучување во општеството и обезбедување на еднакно општество за сите, соопшти МТСП.

Како дел од активностите кои се во надлежност на Министерството, а се во насока на обезбедување социјални услуги во заедницата за децата и лицата со попреченост, министерката го посочи отворањето на новиот Дневен центар за лица со попречености, кој е во рамки на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје и подготовката на нов дневен центар за деца/лица со аутизам во Општина Карпош.

Таа, исто така, посочи дека до крајот на 2020 година ќе биде донесена одлука за целосна трансформација на ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје во модерен центар кој ќе обезбедува услуги во заедницата за децата/лицата со попреченост и неговата нова функција и приспособување ќе се изврши со вклучување на родителите на децата со попреченост, во делот на утврдување на нивните потреби, но и преку совети за видот и типот на сервиси кои ќе бидат отворени.

– Двете страни изразија уверување дека соработката ќе продолжи и понатаму со цел обебедување и заштита на правата на лицата со попреченост во нашата држава, наведува МТСП во соопштението.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска