Шахпаска: Приоритет е целосна интеграција на Ромите, вложуваме во зголемување на нивната вработливост и во социјалното домување

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше средба со Орхан Усеин, раководител на канцеларијата за Интеграција на Роми 2020 при Советот за регионална соработка, и со експертот за политики Александра Бојаџиева, при што беше нагласена потребата од продолжување на натамошната соработка, со оглед на тоа што интеграцијата на Ромите е приоритет за Владата на Република Северна Македонија.

– Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на интеграција на Ромите и останатите ранливи категории на граѓани и тоа преку повеќе проекти кои значат директна поддршка за нив. За изградба на социјални станови наменети се 69 милиони евра, потоа во соработка меѓународни партнери обезбедени се 412 илјада евра за проектот за собирање и селектирање отпад, додека 25 милиони евра за Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување во кој еден од принципите е инклузивност и диверзитет, нагласи министерката Шахпаска.

Како што наведува МТСП во соопштение, советот за регионална соработка веќе пет години го спроведува проектот Интеграција на Ромите, поддржан од Европската унија и Фондациjата Отворено општество. Целта на проектот е да се подобри состојбата на ромската заедница и да се премости јазот кој постои помеѓу Ромите и останатото население.

– Покрај социјалното домување, програмата за формализација на неформалната работа е една од нашите најважни цели. Одлично е тоа што Република Северна Македонија сериозно се вложува во оваа насока, како преку Оперативниот план, така и преку Мечинг-фондовите за претприемништво за Роми, оцени Орхан Усеин.

МТСП информира дека дајцата соговорници констатираа оти од исклучително значење е да се вложува во развој на дигитални и ИТ-вештини кај Ромите, за да можат полесно и побрзо да стигнат до информации за предвидена помош, да се вклучат во бизнис-секторот, но и, кога би имало можност, да ги пренасочат своите бизниси во е-бизниси.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор