Шахпаска: Не може да се зголеми опфатот на деца во градинките

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека по барање на родители и на градинките од Комисијата за заштита од заразни болести побарале мислење за евентуално зголемување на бројот на деца кои во овие услови на пандемија би можеле да посетуваат градинка, но, оти таа останала на ставот дека опфатот не треба да се зголемува. Според Шахпаска, во моментов се јавува недостиг на места во градинките, иако, како што рече, има околу 9000 деца кои не одат во градинка, а согласно условите во протоколите обезбедиле место. Затоа апелираше родителите кои имаат друга алтернатива за чување на децата да ги отстапат местата на оние родители на кои им е неопходно да ги носат децата во градинка.

-На вчерашниот кризен штаб јас ги изнесов состојбите со градинките. Според протоколите 21.300 деца можат да бидат згрижени и да имаат безбеден престој во градинка. Вчерашните сознанија се дека 12.300 деца биле во градинка. Тоа говори за фактот дека повеќе од 9.000 деца согласно протокол имаат место, но не посетуваат градинка. Затоа ние упативме апел до граѓаните тие што имаат друга алтернатива и имаат кој да се грижи за нивните деца да им овозможат на другите родители на кои им е неопходно да можат да ги носат своите деца во градинка, рече Шахпаска.

За решавање на овој проблем рече, Министерството нема надлежност и тоа, како што посочи, треба да го направат општините како основачи и менаџментот на градинките.

Ние како Влада и како Министерство, рече Шахпаска, она што може да го направиме за намалување на притисокот за запишување деца во градинка е да отвораме нови установи. За неполни шест месеци рече, имаме отворено девет градинки со капацитет за 606 деца. Најави дека до крај на годината ќе бидат отворени дополнителни 13 детски градинки со опфат од околу 1400 деца.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска