Шахпаска: МТСП е подготвено да работи на реинтеграција на ранливите повратници-мигранти во заедницата

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска одржа работен состанок со претставници на Светска банка на кој се разговараше за техничката помош и поддршка за ефективна реинтеграција на ранливите повратници, мигранти од ЕУ кон Западен Балкан, со особено внимание на Ромите.

Целта е, како што соопштија од Министерството за труд и социјална политика, намалување на социо-економскиот јаз меѓу ромското и неромското население и спречување и заштита од нивна дискриминација.

Поддршката од Светска банка е во насока на зајакнување на капацитетот на властите на Западен Балкан на централно и локално ниво да спроведат успешни политики за реинтеграција на повратниците и ефективно да одговорат на потребите на ранливите повратници, посочуваат од Министерството.

Од страна на Валери Морика, виш специјалист за развој од Брисел, која изминатите три години работи на прашањето за повратниците мигранти од Европа кон Западниот Балкан, беше истакнато дека за разлика од првата фаза од овој проект која се однесуваше само на добивање на дијагностичка појдовна основа за состојбата со повратници мигранти, втората фаза претставува воспоставување механизми и поддршка во оние области и подрачја кои ќе бидат во фокусот на Владата во насока на реинтеграција на мигрантите повратници во заедницата и состојбата која со пандемијата е сменета.

– Прашањето со повратниците во нашата земја е особено важно прашање, земајќи го предвид и евроинтегративниот пат на нашата држава и спроведувањето на поглавјето 23 за правда и човекови права, што за нас како Влада претставува еден од приоритетите, истакна Шахпаска.

Пристапот кон социјалните услуги, вработувањето на овие лица, образованието и домувањето се главните теми кои министерката ги посочи, а на кои Министерството е подготвено да работи со цел нивна ефективна реинтеграција. Таа се осврна на олеснетиот пристап на гарантирана минимална помош, за ранливите категории на граѓани, од почетокот на пандемијата, со цел обезбедување на буџет за пристоен живот.

На состанокот се разговараше и за соработката со граѓанското општество, градењето на силни врски со претставниците на приватниот сектор и претставниците на заедницата, потоа, помошта при решавање на клучните административните пречки со кои се соочуваат повратниците како недостатокот на лични документи за идентификација што воедно ги прави повратниците ранливи кога станува збор за влез во системот на социјална заштита. ​

Министерката Шахпаска изрази силна поддршка на овој проект и подготвеност за соработка со цел негова успешна реализација, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска