Шахпаска: Меѓу 65% и 75% проценти од вработените во градинките се веќе вакцинирани

Од:

Денес вработените во детските градинки имаа прилика на zoom-средба со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, доктор Жарко Караџовски, доктор Кристина Ставридис и доктор Сузана Маневска, да ги постават сите прашања и дилеми поврзани со вакцината против Ковид19.

„Околу 65%-75% проценти од вработените во градинките се веќе вакцинирани, а во некои градинки и 100%, што зборува за општествената и лична одговорност на вработените кои го штитат своето здравје, здравјето на своите најблиски и здравјето на дечињата за кои се грижат“, потенцираше Шахпаска.

Целта на состанокот беше да се потенцира важноста од вакцинација и да се расчистат сите дилеми кои ги имаат лицата кои сè уште не се одлучиле да се вакцинираат. Доктор Кристина Ставридис подготви и детална презентација за целта, важноста, функционирањето и деталите поврзани со вакцините против Ковид19.

„Со сите вас ќе го споделам својот личен пример за соочувањето со вирусот Ковид19. Верувам дека најдостојно и најрелевантно ќе Ви укажам на опасноста од овој вирус и што може да Ви се случи доколку навремено не се заштитите“ рече Караџовски, при што од прва рака го сподели своето искуство за тоа прележувањето на вирусот Ковид19.

Министерката уште еднаш апелираше до сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирале, да го направат тоа што поскоро, за навремено да се заштитат себе си и секако децата во градинките за кои се грижат.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов