Шахпаска: Изедначувањето на боледувањето поради Ковид-19 во јавниот и приватниот сектор е правично за сите вработени

Од:

За боледување поради КОВИД-19 вработените и во јавниот и во приватниот сектор ќе добиваат 70 проценти од платата за отсуство до седум дена, 80 проценти за отсуство до 15 дена и 90 проценти кога се на боледување над 15 дена. Во првите 30 дена исплатата на боледувањето е на товар на работодавецот, а потоа на Фондот за здравствено осигурување. Ова, како што рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска е праведно решение и правично за вработените и во едниот и во другиот сектор.

Таа појасни дека претходно Владата донела одлука на вработените да им се исплаќа 100 проценти од платата за боледување поврзано со КОВИД-19 без разлика дали станува збор за изолација заради контакт со позитивно лице, за лица кои се позитивни, но без симптоми и се дома, и лица кои имаат симптоми се лекуваат или дома или во болница. Но, како што рече, тоа било променето по реакциите дека на ваков начин се дискриминирани вработените во приватниот сектор.

-Ние побаравме да се интервенира и сега испорачавме едно решение сите да бидат изедначени, како во колективните договори за јавен и приватен сектор и Законот за здравствено осигурување кои ги регулираат овие работи. Не сме направиле ништо, ниту сакаме да оштетиме било кој во државата. Но изедначувањето на вработените од јавен и приватен сектор е правда за сите вработени, рече министерката Шахпаска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на невладината организација Полио Плус.

Би можело да ве интересира

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Павлова-Николовска

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска

За три дена 71 нов случај на Ковид-19

Катерина Павлова-Николовска

44 новозаразени од ковид-19