Шахпаска – Галовеј: Британска подршка за соцланите политики и проектите на МТСП

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј, на која се разговараше за сегашните и идни процеси поврзани со областите за кои е надлежно Министерството за труд и социјална политика, а кои Обединетото кралство силно ги поддржува, соопштија од МТСП.

-Деинституализацијата и децентрализацијата се два значајни процеси кои ги започнавме во нашата држава, а кои водат кон унапредување на правата на лицата со попреченост, вадење на лицата од институциите и сместување во мали групни домови, а потоа и згрижувачки семјства, добивање на квалитетни социјални услуги на локално ниво на оние на кои им се најпотребни, ранливите категории на граѓани, истакнала Шахпаска на средбата.

Таа посочила и на предизвиците кои ги донесе корона пандемијата, не само од здравствен, туку и од економски аспект и воедно информирала за поддршката и помошта која Владата ја дава за ревитализација на економијата, на компаниите, зачувување на работните места, на граѓаните особено најранливите категории. Четвртиот пакет економска помош, потенцирала, е наменет за исплата на плати, платежни картички за пензионерите, самохраните родители, пасивните баратели на работа и за подигање на студентскиот стандард.

Амбасадорката Галовеј ја истакнала целокупната заложба на Обединетото Кралство за поддршка и подобрување на политиките и праксите на социјална кохезија во нашето општество. Во таа насока, рекла и дека силно го поддржуваат и го охрабруваат процесот на деинституционализација кој е започнат во рамките на Министерството, како и зајакнување на капацитетите во спроведување на политиките и програмите за еднакви можности и недискриминација.

Двете соговорнички изразиле подготвеност за продолжување на добрата соработка и пријателство меѓу двете држави и институционална соработка и продолжување на тековните и идни заеднички проекти.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска