(ВИДЕО) Шахпаска: Ако продолжи корона кризата, догодина се очекува во системот за социјална заштита да влезат уште 6.000 семејства

Од:

Оние самохрани родители што не успеаjа да аплицираат за поддршката од 6.000 денари, Владата ќе размислува да ги опфати во следниот период, со некоја нова мерка, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Според Шахпаска, ако продолжи корона кризата, догодина се очекува во системот за социјална заштита да влезат уште 6.000 семејства. Во системот моментно има 32.500 семејства што значи дека од февруари годинава кога биле 27.000, досега влегле нови 5.500.

– Ние не ставаме лимит, нема ограничувања, системот ќе биде отворен и ќе ги регрутира сите граѓани кои навистина имаат потреба да влезат како корисници на гранатирана минимална помош, истакна министерката по настанот за социо-економското влијание на КОВИД-19.

Одговорајќи на новинарски прашања, Шахпаска соопшти дека вкупно 5.700 самохрани родители треба да ја користат поддршката од 6.000 денари, проектирана во четвртиот пакет антикризни мерки.

– Околу 750 самохрани родители користат детски образован додаток или гарантирана минимална помош, но вкупно 5.700 ќе треба да ја искористат мерката. Рокот за аплицирање заврши, 10 дена имаше можност да се поднесуваат барања. За оние што не успеале да аплицираат, Владата ќе размислува во следниот период со некоја нова мерка да бидат опфатени, рече Шахпаска.

Според неа, зачувувањето на сите работни места и заштитата на ранливите категории граѓани беше клучно и за време на КОВИД-пандемијата.

– Социјалната реформа донесена лани, годинава беше ставена на тест и ги покажа резултатите во смисла на олеснување на животот на граѓаните во овој период. Ги спуштивме критериумите за нивен полесен влез во системот на социјална заштита, свесни дека пандемијата ги доведе во многу незавидна положба. Предизвикот не е завршен, но денес, по 10 месеци имаме многу поголемо искуство, подвлече министерката.

Благица Петрески од „Фајнен стинг“ напомена дека кризата ги извади на површина сите слабости во системот, но покажа и дека е неопходно преструктуирање на македонската економија.

– Научивме дека реформите не треба да бидат чести и брзи, туку можеби малку побавни но темелни. Ова ни е шанса и за економско реструктуирање, да дефинираме кој е моторот за економски раст. Ефикасноста на јавната администрација останува една од најболните точки на која мора да се фокусираме, истакна Петрески.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска