А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Северот на Косово не го прифаќа договорот со Приштина

by А1он08/05/2013 - 17:36109
Share0

Договорот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина не е прифатлив за Србите од северот на Косово и тие нема да учестуваат во негово спроведување, заклучија денес лидерите на четирите општини на северото на Косово на заедничкиот состанок во Звечан.

Добивај вести на вибер

Тие во дискусијата заклучиле дека договорот е штетен и дека не им гарантира ниту минимум услови за живот, па затоа побараа за него да се изјасни Уставниот суд на Србија.

Началникот на Косовскомитровачкиот округ, Раденко Недељковиќ лидерите ги запозна за вчерашниот разговор во Белград со премиерот и потпретседателот на Србија и додаде дека им нагласил дека договорот значи повлекување на Србија од овие простори и уништување на нејзините институции кои се единствена гаранција за опстојување на Србија, на Косово.

-Србија за нас е единствена држава таа нема резервен народ на Косово-истакна тој и ги повика лидерите во текот на посетата на Александар Вучиќ на северот да ја сочуваат својата чест и достоиство во четирите општини (Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан).

Тие нагласија дека раководството на општините од север не е во судир со државата ниту пак водат кампања против актуелната власт.

Елена Георгиевска

kosovosrbija

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 10:00

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:4525/03/2026 - 12:05

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он22/03/2026 - 11:06

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски15/03/2026 - 19:0015/03/2026 - 19:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто