Северна Македонија е поука и пример за другите, вели Заев во интервју за „Еуроњуз Албанија“

Од:

„Ако испорачуваме и Европа мора да испорачува, затоа првата порака е таа – да продолжат процесите, заради тоа што во спротивно се развиваат нон пејпери и дискусии за нови етнички граници, нови граници на држави, а тоа, знаат и децата, е можно само со пушки и со оружје. Не ни треба тоа, 21 век е“, вели премиерот Заев во интервју за „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania), додавајќи оти тој сериозно верува дека кога ЕУ затајува, се создава плодна почва за „стратегии кои ќе се развијат во нешто кое што нашите народи овде не го посакуваат“.

Премиерот Заев во интервјуто потсетува дека во светот се развива ерата на четвртата индустриска револуција и Балканот е навистина променет, заради европската иднина којашто сите ја посакуваат.

Тој посочи дека е многу важно и тоа што, нашата држава, Северна Македонија, е доказ дека мултиетничките општества може да бидат голема предност и поука и пример и за сите други земји.

„Сето тоа е возможно со европската мотивација, Европа е должна да нѐ држи мотивирани за да продолжиме кон нашиот европски пат“, изјави премиерот Заев, додавајќи дека национализмот и шовинизмот го има насекаде во светот, но на Балканот е видлив и затоа не треба да се потхранува бидејќи ги уништува перспективите на младите, нивните генерации.

„Сите ние имаме посебно национално чувство и топлина во нашите гради, но сите ние сме должни да им оставиме на децата европска иднина затоа верувам во онаа обединетост на различностите што е симболот на ЕУ“, вели одлучно Заев.

Премиерот Заев додава оти верува дека Европа навистина ќе остане Европа, солидарна и во својата филозофија на формирање и опстојување како уникатен пример во светот, ќе продолжи да постои и да се унапредува.

„Затоа што иднината на светот е преку развивање на демократските вредности, преку слободите, преку обединетост во различностите да се остварува просперитет и иднина на целиот свет, па така и на европскиот континент“, вели премиерот Заев во интервјуто за „Еуроњуз Албанија“.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска