Сестрата која во февруари по вторпат беше фатена како краде лекови на Онкологија, добила отказ во мај

Од:

Медицинската сестра од Клиниката за онкологија и радиотерапија, која на 28 февруари годинава беше фатена по вторат како краде лекови добила отказ на 23 мај.

Ова денес го откри в. д. Медицинската директорка на Онкологија, д-р Виолета Клисаровска на прес-конференцијатасо министерот за здравство Фатмир Меџити и организацискиот директор Хаљид Матоши по повод отворената предистражна постапка на ОЈО.

– Претходно имавме сомнежи, имаше допрен глас, беше јавна тајна дека недостасуваат лекови. Откако сум јас директорка, подигнато е нивото на безбедноста на патеката на лекот..Не давам втора шанса никому, без разлика дали е украден скап лек или физиолошки раствор. Зошто медицинската сестра била вратена после првата кражба, треба да одговори претходното раководство. Сестрата беше ангажирана во дневната болница и не беше директно вклучена со растворањето лекови – рече Клисаровска.

На новинарско прашање зошто претходниот директор д-р Нино Васев денес дошол на работа, таа кажа дека нема добиено никакво решение од институциите за да биде отстранет од работа.

Поради откриениот криминал на Онкологија, денеска во 18 часот пред Владата е закажан граѓански протест.

Би можело да ве интересира

Фајненшл тајмс: Администрацијата на Трамп ќе воведе 100% царини за одредени лекови

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Судење за „Онкологија 2“: Сведочеше Клисаровска која тврди дека конзилиуми и колективни одлуки го отежнуваа работењето

Судење „Онкологија 2“ – Туфегчиќ: Доктор Црвенкова правилно постапувала и го продолжила периодот на преживување повеќе од вообичаено

Горан Наумовски