Сервер: Нема простор за решавање на спорот за името

Од:

Американскиот аналитичар Даниел Сервер вели дека независно од исходот на претседателските избори во САД, не може да се очекува тоа да влијае да се забрза решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Едноставно не гледам простор за решавање на спорот. Се надевам дека ќе ја видам Македонија како членка на НАТО не со решавање на спорот за името, туку со прием под името Поранешна Југословенска Република Македонија, изјави Сервер на вчерашниот брифинг за новинарите, одговорајќи на прашањето дали евентуалната победа на Ромни или реизборот на Барак Обама би влијаел на спорот за името.

Брифингот се одржа неколку часа пред објавувањето на резултатите од претседателските избори.

Професорот Сервер рече дека меѓународното право остава простор спорот да биде решен согласно Времената спогодба меѓу двете земји.

Не знаеме кога ќе биде следниот самит на НАТО. Би сакал да ја видам Македонија да стане членка на НАТО на следниот самит, се надевам дека тоа ќе се случи, дури и под името Поранешната Југословенска Република Македонија. Не гледам некој реален простор за решавање на спорот за името, не само поради Грците, туку и поради Македонците, никој не сака да прави компромис во овој момент. Затоа мислам дека најправилно би било Македонија да биде внесена во НАТО под името БЈРМ, во согласност со меѓународното право, додаде Сервер.

На средбата со новинарите, Сервер го отвори прашањето за очекуваното повлекување на државниот секретар Клинтон од таа функција. Според него, се уште е можно Клинтон да се премисли и да реши да остане на функцијата. Како кандидати за нејзин наследник се спомнуваат сенаторот Џон Кери, амбасадорката во Обединетите нации Сузан Рајс, и нејзиниот актуелен заменик Вилијам Барнс.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски