Сервер го поздрави македонскиот предлог за соработка со Грција

Од:

Добро е што Македонија на Грција и понуди широк договор за соработка, и со тоа и даде можност да одбере што од понуденото и е прифатливо, смета американскиот аналитичар Даниел Сервер, за македонскиот предлог кој меѓу другото предвидува да се потпише декларација за пријателство со Грција, да се формира комитет за соработка меѓу ресорите за внатрешни работи, за економска соработка и отворање на гранични премини.

„Скопје мудро и понуди на Атина широк договор за соработка, и Грција може да избира меѓу повеќето предложени проекти. Секогаш е добро, кога сме соочени со преговори во кои некој мора нешто да добие, а другиот нешто да загуби, да се прошири просторот за преговарање. Сепак, Македонија не може на Грција да и го понуди тоа што навистина и е потребно, многу милијарди евра за да се спаси од својот долг“, пишува аналитичарот Сервер, по неговатa посета на Македонија.

Сервер во својот текст потсетува дека името Македонија долго време се употребува oд страна на Република Македонија.

„Политичкиот субјект со центар во Скопје го користел ова име во една или во друга форма уште од крајот на Втората светска војна. Грчките противења се исто како кога Соединетите Американски Држави би се спротиставиле на правото Мексико да се нарекува Соединети Мексикански Држави, што е формалното име на оваа земја преведено на англиски“, вели Сервер.

Во својот коментар, Сервер го разгледува и односот на етничките Албанци во Македонија кон спорот за името, велејќи дека и Албанците се повикуваат на своето античко минато, но во исто време не се големи поддржувачи на оддавањето почит на историските личности од овој период со споменици во центарот на Скопје, туку се повеќе заинтересирани за одбележувањето на споменот на Мајка Тереза.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски